Мате Римац преговара да го превземе целосно Bugatti

215

Најпознатиот Хрватски претприемач, Мате Римац, преговара со Porsche за да ги откупи нивните 45% од сопственоста во компанијата Bugatti Rimac.

Со тоа, Римац, чија групација во моментов има 55% од сопственоста во Bugatti Rimac, сака да ја добие комплетната сопственост, а со тоа и апсолутната контрола врз долгорочните планови на компанијата за производство на супер автомобилите на струја хибриден погон.

За реализација на оваа цел, Римац е поддржан од меѓународен конзорциум и фондови на приватен капитал, а се претпоставува дека оваа трансакција може да се комплетира до крајот на следната година.

Реклама