Приказната доаѓа од малото градче Кирзеон од Баварија, во кое локалните власти од сообраќајни прекршоци собрале еден милион евра.
Подолго време, локалното население се жалело на бучавост и на брзo возење во областа која гравитирала околу едно училиште.
На протестите конечно реагирале властите кои минатата година поставиле камера и радар.
Само во првиот месец од работата на камерата биле казнети дури 4.000 возачи.
Една година по поставувањето, темпото на напишани казни не се намалува. Месечно се пишуваат околу 3,000 казни, а ограничувањето на брзината од 50 km/h во текот на годината било прекршено 34.500 пати.
Најголемиот број на казнети се движеле со 6 до 10 km/h повеќе од пропишаното, но 13 возачи возеле со брзина над 110 km/h што е фрапантно ако се земе предвид дека областа е во зоната на две училишта.
Малиот германски град, за година дена заработил од сообраќајните казни околу 1 милион евра. За споредба еден Минхен со 1,6 милиони жители, од сообраќајни казни инкасира околу 1,5 милиони евра.
Собраните пари ќе бидат искористени за реновирање на основното училиште и за загревање на водата во затворениот базен.
За следните години, предвидено е со парите да се купат противпожарни возила.














