Ford ја продава фабриката во Валенсија. Што мислите кому?

1013

Американските производители на автомобили, меѓу кои и FORD, на чело со генералниот директор Џим Фарли, упорно ја вртат приказната дека Кинеските производители на возила се неверојатна закана за нивниот бизнис.

Оваа приказна на Американските директори со задоволство ја голта администрацијата на Трамп, која прaктично го забрани увозот на кинески автомобили во САД, воведувајќи царини од 100% за возилата произведени во Кина, обврска за исполнување на сите американски стандарди и забрана за увоз на возила што користат кинески софтвер.

И додека Фарли, на свој терен гласно работи против Кинеските производители, според последните информации во Шпанските медиуми, тој е во сериозни преговори да му продаде на Кинески Geely една производна линија од својата фабрика во Валенсија.

Се шпекулира дека во тој погон Geely планира да произведува ново енергетско возило.

Деталите сеуште се кријат, но ако се верува на шпекулациите можно е во Шпанија да се произведува моделот EX2. Се работи за компактен кросовер долг 4135 mm, широк 1.805 mm , и висок 1570 mm, со меѓуоскино растојание од 2650 mm.

На приказната се додава дополнителен “зачин” дека е многу веројатно дека и самиот FORD ќе ја користи истата платформа на која ќе се прави овој автомобил, за својот наследник на моделот Puma.

Реклама