Масерати, како дел од групацијата Стелантис, мака мачи со продажбата на автомобили, која и понатаму оди во слободен пад.
Од таму дојдоа и шпекулациите дека нема никој да остане зачуден, ако Стелантис се ослободи, односно го продаде својот загубар.

Но… се чини дека компанијата од петни жили се труди да преживее, особено во светот на лускузот.
Од тие причини за декември се најавени две нови премиери, прототипи кои треба да вратат некои легендарни имиња во живот, а сега, како никогаш досега, ни доаѓа уште една интересна вест од Италијанскиот бренд.
Масерати добива свој остров во Дубаи, а проектот што треба да се развие на еден од вештачките острови во Дубаи, го носи името Maserati Island.

Станува збор за нов резиденцијален комплекс, изработен во соработка со Samana Collecta, луксузен бренд за недвижности, кои заедно треба да ја преточат дизајнерската и луксузна линија на Масерати во секојдневното живеење.
Островот на Масерати ќе опфаќа 840 резиденции, седум ултра луксузни вили над вода и две куќи на дрво.
Според распоредот, становите ќе се движат од студио до стан со четири спални соби.

Сите ќе гледаат кон водата и ќе имаат огромни стаклени површини преку кои ќе се отвара фантастичен видик.
Се чини дека токму недвижностите може да бидат сериозна алтернатива за автомобилскиот бизнис кој станува се покомплициран и потежок за работа.
Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :













