“Новиот” сериозен Кинески бренд во Македонија

41

Oд неодамна, Кинескиот бренд Changan, кој дефакто е една од најголемите Кинески групации, пристигна и на нашиот пазар.

За оние кои не ги следат случувањата, CHANGAN има 37 фабрики, присутен е во 77 земји и има дизајнерски центар, во лулката на дизајнот – Торино, Италија.

А во понудата на CHANGAN, засега кај нас е присутна само серијата DEEPAL од која особено е интересен моделот S07 PRO, кој е електричен автомобил, со LFP батерија и домет до 500 километри.

Може да се полни на DC брзи полначи, а времето на полнење од 30% до 80% изнесува околу 15 минути.

Инаку DEEPAL S07 PRO  има електромотор со моќност од 258 PS, штп му овозможува од 0 до 100 km/h да спринтира за 7,8 секунди.

Kaко и повеќето други Кинески модели и DEEPAL S07 PRO има атрактивен и модерен ентериер и бројни безбедносни и системи за асистенција и забава на возачот и патниците.

Погледнете ја последната епизода од Темпо Магазин :

Реклама