Aко на смрзнато езеро, направите трка со F1, MotoGP и Rally возило… Кој ќе победи?

114

Одговор на ова прашање се обиде да добие RedBull кој на специјалната стаза, во која не владеат баш стандардните принципи на физиката, на замрзнато езеро постави пет тркачки возила во сосема различни категории.

На стазата застанаа F1 возило, прототип на Moto GP моторцикл, рели возило, офроадер и сноумобил (моторна санка за снег).

Возилата, за да може воопшто да се движат по замрзнатата површина на температура -15 степени Целзиусови, имаа одредени модификации, пред се во сферата на гумите, за да може воопшто да остварат грип на мразот.

Се разбира, вакви модификации не и беа потребни на санката, која е креирана за вакво тло.

Во трката учествуваа следните возила :

Red Bull RB7 oд Formula 1, возилото со кое Себастиан Фетел доминираше во 2011 година, со околу 760 коњски сили од природно аспирираниот V8 мотор на Рено.

Потоа, на стазата застана и KTM RC16 MotoGP моторцикл, со Дани Педроса во седлото. Прототипот имаше 1,000cc V4 мотор, со моќност од 284 коњски сили. За воопшто да може да се натпреварува, во гумите на моторот беа вградени стотици метални шилци.

Трет на стартната линија беше и Subaru WRX со рели спецификации , PRO4 off-road pickup со моќен 6,7 литарски V8 мотор и моќност од 963 коњски сили и сноумобилот со тркачки перформанси – Ski-Doo 440.

И покрај огромните разлики во се – тежина, спецификации, перформанси… разликата во времињата на петте возила беше само околу 2 секунди.

А кој победи…?

Погледнете сами :

Последната епизода на Темпо Магазин, погледнете ја во продолжение :

Реклама