Maлиот Fiat Topolino, прави “дар-мар” na домашниот пазар

476

Во летото, 2023 година, Италијанскиот производител на автомобили ФИАТ, во својата земја во која за национално богатство се сметаат веспите, скутерите и малите автомoбили, го претстави својот најмал автомобил или попрецизно кажано затворен квадрицикл на струја, под името Тополино.

Овој мал автомобил, зависно од пазарот, секако, може да се вози и со 14 години, а треба да биде идеално превозно средство за урбаниот метеж, совршено за возење и лесно за паркирање, особено фокусирано на младата генерација GEN Z.

Тој е забавен,свеж, со препознатлив италијански, кул дизајн.

Ја има можноста урбано да циркулира во хаотичниот центар на Милано, или да вози по тесните улички на Италијанската Ривиера

Инаку, Тополино е малиот брат, или сестричка на Фиат 500. Мал во димензиите, Едноставен во дизајнот, подобар од Веспата или скутерот, затоа што може да е вози во секакви временски прилики, а има и побезбедна структура.

Долг е само 2,53 метри и може да достигне максимална брзина од  45 km/h, а благодарение а алата батерија со апацитет од 5,4 kwh нуди автономија до 75 километри с едно полнење, кое за полна батерија трае околу четири часа.

Од Тополино, секако не можете да очекувате можност за превоз на гоем товар, но паметните дизајнерски солуции овозможуваат во росторот помеѓу возачот и совозачот да се складира ена торба со зафатнина од 63 литри.

Инаку, малото Тополино, може да дојде во отворена и целосно затворена верзија, а исто така ја нуди опцијата да се персонализира на повеќе начини.

Интересен е концептт во кој на него може да се постави туш, кој го прави идеално решение за туширање по посеттата на некоја плажа во Италија.

Tреба да се напомене дека Тополино направи вистински дар мар на пазарот во Италија. Во својата домицилна земја веднашпо лансирањето превзема 47% од вкупниот пазар на електрични квадрицкли.

Само во првиот квартал од 2026 година беа продадени 3.000 примероци, а допрва се очекува лансирање на овој модел на Американскиот пазар.

Неговите главни конкуренти се Citroen Ami, Smart EQ for Two, Renault 5 electric.

Цената на овој симпатичен квадрицикл започнува од околу 9.900 евра.

На малото Тополино, кое го влече своето име од легендарниот Fiat 500, кој се произведуваше од 1936 до 1055 година, и кој го носеше истиот надимок – Тополино, се навративме во ова издание бидејќи малото Topolino Sport, беше во центарот на вниманието на Модната Недела во Милано оваа одина, каде Фиат имаше свој штанд под работното име Ciao Futuro.

За разлика од стандардниот тополино, модеот спорет, ќе има за нијанса поголема батерија од 7 kwh, за разлика од стандардната која има капацитет од 5,4 kwh, и електромотор од 6 кw или 8 коњски сили.

На штандот кој претставува одличен спој наминатото и иднината, Фиат им го претстави на посетителите Тополино Спорт, но и неколку други модели, како што се легендарниот Фиат 500 од 1957 година, Фиат Панда од 1980 година.

Претставени беа и трите финалисти на натпреварот на студенти ко работеа на темата автомобили на иднината.

А свое место а штандот си земаа и неколку интересни концептни соработки, кои ги врзува италијанскиот дизајн и уникатниот стил на животот во оваа земја со заеднички брендирани игри, фудбалчиња, кафемати и специјални хо-ре-ка проекти со познати италијански производители.

Реклама