Германски NOVUS конечно го лансира својот прв мотор

25

Германската компанија NOVUS објави дека конечно излегува од фазата на прототипи во која беше заглавена од 2020 година и започнува со сериско производство на својот прв електричен моторцикл.

Се работи за моделот Novus One LightBike eлектричен мотор на две тркала кој позајмува понешто од скутерите, е-велосипедите и моторите.

Првите 100 единици беа испорачани овој април во Минхен.

Novus One има карбонска монокок рамка, тежи само 121 килограм, испорачува моќност од 33 коњски сили и развива максимална брзина од 122 км/h.

Интересно е дека благодарение на софтверот, кај Novus One, можете да ја менувате категоријата на 50cc или 125cc, зависно од дозволата што ја имате.

Реклама