Lancia и Eberhard & Co. направија часовник Lancia HF

133

Италијанскиот автомобилски бренд Lancia и Швајцарскиот производител на луксузни часовници – Eberhard & Co. уште еднаш ни покажаа колку изгледа природно да лансирате одличен рачен часовник, за време на лансирањето на одличен спортски автомобил.

Така беше и на промоцијата на автомобилите 280 HP Lancia Ypsilon HF и Ypsilon HF Line во Балоко, на која покрај спортските автомобили со кои Lancia сака да се врати на автомобилската сцена, беше презентиран и новиот часовник во лимитирана серија, кој ќе биде изработен во соработка со Швајцарската компанија Maison.

Часовникот на симболичен начин го потенцира раѓањето на новото (старо) лого HF, кое значи Висока верност (High Fidelity) и во себе го инкорпорира и легендарното црвено слонче на Lancia.

Часовникот ги носи легендарните букви HF во кои е вметнато и црвеното слонче со крената сурла, за прв пат исковано во 1953 година од Џани Ланчиа.

Часовникот има механичко движење, со само-навивање, тело од нерѓосувачки челик со дебелин од 41 мм, а може да се понуди во сина, бела и црна боја.

Маркерите за час се осветлени.

Часовникот доаѓа со кожено ретро каивче, со црвен вез, или со метален ремен за раката.

Часовникот ќе биде произведен во лимитирана серија од само 120 часовници, по примерок.

Реклама