Култната Giuliettа – згаснува

262

Извршниот директор на Alfa Romeo во последното интервју ги разочара фановите на култната Giuliettа, изјавувајќи дека компанијата не планира да лансира нов хечбек на пазарот.

Со тоа, дефакто, директорот ги урна надежите дека моделот може да преживее.

Според него, единствениот хечбек што останува жив е моделот Tonale.

Во интервјуто, директорот Санте Фичили, потенцираше дека главна причина за згаснувањето на Giuliettа е фактот што пазарот во моментов не им е наклонет на хечбек моделите, туку е целосно опседнат со SUV моделите.

“И самиот имав 20 автомобили Giuliettа во својот живот, и тоа е фантастичен автомобил, и денес. Но мораме да ја следиме побарувачката на пазарот, а купувачите во моментов сакаат SUV автомобили. На крајот на краиштата, ие сакаме да продаваме автомобили” – изјави Фичили, закопувајќи ја надежта дека Giuliettа сепак може да преживее и да се бори со автомобилите од типот на BMW Серија 1, Audi A3 и Mercedesa A-класа.

Реклама