Koлку возила и каде продаде Volkswagen во 2025?

204

Германскиот бренд Volkswagen ги објави своите продажни резултати од 2025 година.

Според споделените податоци, минатата година брендот продаде околу 4.73 милиони возила.

Со тоа се остварени продажни резултати со пад од 1,4%, што во брендот се толкува како успешно, имајќи ги предвид силните предизвици со кои се соочи светската економија во 2025 година.

Притоа, во Европа е постигнат раст од 5,1% (вкупно 1.318.100 продадени примероци), и во Јужна Америка е остварено зголемување на продажбата од 18,5% (568.200).

Во исто време овие позитивни трендови се запрени во САД (-8,2%) со 544.000 продадени возила, главно поради високите тарифи наметнати од администрацијата на Доналд Трамп и Кина (со пад од -8,4%) која интересно, останува најголем пазар за брендот во волумен – со продадени 2.015.200 возила.

Volkswagen сериозно ја зголеми продажбата на своите целосно електрични возила во 2025 година, особено во Германија и Европа. Испораките пораснаа до 93,800 на домашниот пазар (Германија) +60.7 проценти, и околу 247,900 примероци во цела Европа што претставува мсивен пораст од +49.1 проценти.

Последни написи :

Реклама