Alfa Romeo прослави шест декади “Spider”

136

Популарниот италијански производител на автомобили Алфа Ромео, во чест на шест декади од својот легендарен модел “1600 Spider”, познат во светот како Duetto, кој за прв пат беше промовиран на Саемот за автомобили во Женева во 1966 година, во својот  Алфа Ромео Музеј во Арезе, организираше специјален Спајдер ден.

На овааманифестација продефилираа повеќе легендарни автомобили, а беше одржано и специјално предавање за овој иконски автомобил, кој останува еден од најсаканите автомобили на сите фанови Алфисти во светот.

Во попладневните часови беше одржана и изложба под името – “Spider е Alfa Romeo”,на која своите автомобили ќе може да ги изложат и сите заинтересирани ентузијасти.

Изложбата ќe биде поделена во 4 теми, од кои секоја ќе се однесува на четирите производни серии на Spider.

Инаку, задачата и честа да го креира првиот Спајдер, во средината на 60-те години од минатиот век, ја доби Пининфарина,авторот на уште еден легендарен модел, Giulietta Spider, една декада порано.

Практчно, 1600 Спидер, оаѓа како наследник на Giulietta Spider, главно наменет да го освои Американскит автомобилски пазар.

За оваа цел, луѓето од Алфа Ромео, организираа специјално крстарење на италијанскиот турбо брод Рафаело, од Џенова до Њујорк, со попатна станица во Кан за време на филмскиот фестивал.

На крузерот ВИП билети имале 1.300 специјални гости кои имале можност, покрај луксузната забава да уживаат и во трите модели Спајдер изложени на палубата на бродот.

Успехот во САД бил моментен и експлозивен.

Четвртата, последна серија на Спајдер се произведуваше од 1989 – 1994 година и со тоа се затвори кругот на овој ислучително популарен спортски автомобил кој во целиот свој животен век се продаде во околу 124.000 примероци.

Денес, популарниот Спајдер и понатаму живее, и е исклучително атрактивен, особено по лансирањето на Officine Classiche во Торино како дел од Класичната програма на Алфа Ромео, преку која сопствениците можат целосно да ги реставрираат своите примероци, и да го вратат возилото на оригиналните конфигурации од времето на производство.

Дополнително, реставрацијата во овој центар, на сопствениците им носи и Сертификат за потекло, во кој се сертифицираат годината на производство, бројот на мотор и деталите околу каросеријата и ентериерот, согласно архивската документација.

Потоа се добива  Сертификат за автентичност, со кој се сетифицира оригиналноста на возилото и се зголемува вредноста на автомобилот преку процес а техничка и документациска инспекција.

И на крај, секако центарот нуди и комплетна реставрација на моделот, која го вража возилото во орифгиналната фабричка спецификација.

Реклама