Kинеските компании носат револуција во брзината на полнењето на батеријата

272

Според последните информации Кинескиот производител на автомобили Geely, му носи на светот брзи полначи кои своите автомобили – Lynk & Co 01 и Zeekr 001, од 10 до 70% наполнетост на батријата ќе ја полнат за замо четири минути и 30 секунди! 

Новата технологија се вика Geely Smart Charging, и доаѓа како моментен одговор на најавата на BYD, нивниот сериозен Кинески конкурент, кој објави дека експресно ќе ги полни батериите на своите автомобили со моќност до 1.500 kW.

Со новиот систем, Geely Smart Charging, полначите на батерии ќе испорачуваат енергија до 2,250 kW.

Секако, ваквите перформанси на полначите, со себе носат и доста ризици, имајќи го предвид сериозниот проток на енергија кој може сериозно да ги загрее батериите и да предизвика и хаварии. За решавање на овој проблем, во Geely велат дека е задолжена Вештачката интелигенција, која ќе го надгледува целиот процес и ќе интервенира при секое забележување на сериозен проблем или девијација.

Иако во поглед на моќноста Geely успеа да го надмине конкурентот BYD, сепак, треба сериозно да се помачи да го стигне темпото на BYD кој веќе инсталираше 10.000, а до крајот на годината треба да инсталира вкупно 20.000 полначи од овој тип во Кина.

Погледнете ја Епизода 3, од Темпо Магазин

Реклама