Кон крајот на оваа, 2026 година, PORSCHE планира да го лансира во автомобилската орбита новиот Porsche Cayenne Electric, кој ќе се продава заедно со верзиите со хибриден погон и моторите со внатрешно согорување.

Она што е интересно е дека овој автомобил е развиван и тестиран комплетно дигитално.
Благодарение на вештачката интелигенција, Во фазата на конструирање, се користени целосно дигитални автомобили, кои заедно, имаат заменето околу 120 тест модели, со што се прави огромна заштеда на време, енергија и пари.

Инжинерите на Порше од малото германско место Вајзак, благодарение на најновата технологија, уште во фазата на дизајн, имаат можност да ги праќаат автомобилите на дигитално тестирање, во симулатори со максимално запазување на надворешните и внатрешни услови на возење.
Притоа, во симулаторот се задаваат параметри за патеките по кои се движи новиот електричен Кајен, а кои варираат – од тркачката стаза Нурбургринг, до секојдневно урбано возење, и благодарение на вештачката интелигенција се добиваат параметри и услови кои скоро па совршено ги копираат реалните услови на возење.

По симулаторот, електричниот SUV стапува на новата технолошки усовршена клупа за тестирање, на која се проверуваат погонот, батеријата, менаџирањето на енергијата и полнењето.
Но колку и да се прецизни симулаторите и виртуелните тест модели, на крајот сепак, на сцена стапува човекот.
Професионалните возачи се единствените фактори кои може да го дадат последниот финиш, последното тјунирање на деталите на моделот пред започувањето на сериското производство.

При тоа финалните тестирања најчесто се прават во најтешките климатски услови.
За тестирање на екстремно високи температури до 50 степени целзиусови се користат стазите во Заливските држави, или долината на смртта во Америка.

за екстремно ниски температури,пак, до минус 35 степени, се користат скандинавските површини покриени со снег и мраз.
И во сите овие услови новиот Кајен мора да покаже врвни перформанси и одлична моќ на чување на енергијата.

Следува и тестот во секојдневни услови на оперирање, на автопат, на регионални патишта, во урбаните џунгли, во кои се минуваат околу 150.000 км и се тестираат сите аспекти на автомобилот.
Благодарение на користењето на дигиталното тестирање, во развојот на Кајен Електрик се заштедени најмлаку 20% од времето потребно за развој на еден автомобил.















