Како изгледа базичната Panda?

240

Новиот Fiat Grande Panda ќе се произведува во соседна Србија, и според последните информации во хибридната верзија ќе се продава по цена од 18.900 евра.

Но, кога ќе прашате – што има во основната верзија, треба да знаете дека овој најефтин модел во гамата доаѓа без екранот, чувствителен на допир. Тоа можеби и не би било многу страшно, ако дизајнерите на FIAT се потрудиле да направат поинаков дизајн за овој дел, но според сликите, за заштеда во развојот, на местото каде во поопремените верзии стои екранот чувствителен на допир, доаѓа еден безличен, пластичен панел.

За да ја разбијат спартанската форма на овој модел, во Fiat смислиле држач и полнач на мобилен телефон кој е поставен на овој панел.

Во оваа врзија исто така доаѓаат сериски и 16 инчни челични бандаши, како и рачно подесување на ретровизорите и мануелна клима.

Ако сакате поопремена Panda, треба да издвоите барем уште 1.500 евра.

Реклама