И “домашните” го убедуваат Трамп да попушти со царините

247

Високите тарифи (царини) кои ги наметна администрацијата на Доналд Трамп, направија вистински хаос во автомобилската индустрија.

Иако генерално, истите беа наметнати за да се стимулира производството во Америка и заштити домашната индустрија, очигледно е дека од целата приказна се сериозно засегнати и домашните авто производители.

Најголемиот удар кој тие го очекуваат врз својата работа се царините на резервните делови кои се предвидени да стапат на сила на 1-ви мај, и кои ќе изнесуваат 25%.

Тоа значи дека деловите и системите, кои и Американските производители кои произведуваат автомобили во САД, ќе добијат сериозно повисоки производни цени, што значи дека на крајот, и тие ќе мора да ги зголемат цените на автомобилите, што, пак, сериозно може да влијае на побарувачката и продажбата на нивните автомобили.

Поради тоа, производителите General Motors, Toyota, Volswagen и Hyundai, пратиле писмо до луѓето од администрацијата на Трамп, изнесувајќи ги причините поради кои сметаат дека одлуката за високите царини може да биде девастирачка за нивниот бизнис и бизнисот на добавувачите на резервни делови.

Дали ќе се предомисли Трамп, и ќе ја одложи или модификува својата одлука, останува да видиме.

Реклама