Корејскиот производител на автомобили Hyundai, официјално започна со градење на првата своја фабрика на Блискиот Исток.
Фабриката ќе функционира во Саудиска Арабија, се очекува да почне со работа кон крајот на следната година, а кога ќе стане функционална, се очекува истата да произведува околу 150.000 автомобили годишно кои ќе се продаваат на домашниот Саудиски пазар, но и ќе се извесуваат надвор од Кралството.
Фабриката – Hyundai Motor Manufacturing Middle East (HMMME) е направена како заедничко вложување помеѓу производителот (30%) и Јавниот Инвестициски Фонд на Саудиска Арабија (70%).
Арабија со овие потези, како дел од страегијата 2030, се труди да го диверзифицира производството, и да стане помалку зависна од производството и продажба на масло.







