Логото на дресовите, новиот Compass на фотографиите

310

Веќе напишавме дека JEEP како де од Групацијата Stellantis, потпиша договор со фудбалскиот клуб Juventus и повторно стана официјалн спонзор на клубот од Торино.

Но, PR кампањата за овој договор за спонзорство ни донесе и малку повеќе од тоа, во форма на неклку фотографии во кои подобро се гледа сосема новиот JEEP Compass.

Иако веќе и официјално беа претставени неколку тизер фотографии за новиот Compass, се чини дека во фотките со фудбалерите на Juve, ни го покажуваат сосема електричниот адут на Jeep, во зелена боја со црн кров, помускулесто тело и led светла.

Користениот модел има 20 инчни алуминиумски тркала кои одлично му стојат на новиот SUV.

Моделот се очекува да влезе во производство кон крајот на 2025 година.

Реклама