BMW произведе 2 милиони електрични возила!

19

Aко првиот милион на произведени електрични возила за BMW пристигна по 11 години од официјалното лансирање на првиот i3, вториот милион продадени единици пристигна за само две, што само по себе зборува за динамиката со која се движи процесот на електрификација.

Двомилионитиот примерок кој се стркала од производните линии, беше BMW i5 M60 xDrive, направен во Германија и на пат кон својот клиент во Шпанија.

Европа станува најважниот пазар за целосно електрични возила, имајќи предвид дека во 2025 година продажбата на електрични возила порасна за 28%.

Конкретно BMW во 2025 година продаде 442,072 примероци на струја (EV), и сето тоа предизвика многу промени во производните процеси, бидејќи во дел од фабриките, BMW сакајќи да одговори на зголемената побарувачка, на истата линија започна да произведува и електрични и возила со мотори со внатрешно согорување.

Но не е се’ така сјајно, бидејќи растот во Европа не се случува и во останатите континенти и земји

Така на пример, во САД, во минатата година беше прокнижен пад од 16,7% споредено со претходната година.

Во оваа приказна не помага ниту Кина, каде електричните возила исто така бележат двоцифрен пад, во процентни поени.

Ваквата состојба, веројатно уште долго ќе им создава проблеми на европските производители, кои едноставно не се доволно брзи и флексибилни и тешко се прилагодуваат на новонастанатите состојби на пазарот.

Реклама