Фотогалерија од автослаломот во Скопје

76

Автослаломот за историски возила, што минатиот викенд, го организираше Националната Федерација за историски моторни возила од Македонија и нејзиниот претседател, долгогодишниот спортски работник Мојсије Милосавлевски, помина во одличен амбиент.

За момент ни врати спомени на убавите настани кои беа во минатото организирани во нашиот главен град и Републиката, како на пример, трките на Водно, кругот кај Македонска Телевизија, кружната трка во Кичево…

Моторспортот во нашата земја е на апарати, а голем број на талентирани македонски возачи возат и се тркаат во странски првенства, зад параванот, заборавени и напуштени од секаква асистенција од нашите државни институции и Федерации.

За нивните успеси и резултати ретко се пишува, што е огромна штета.

Како изгледаше целиот настан, од објективот на професионалните фотографи ангажирани од Националната Федерација за историски возила, погледнете во галеријата во продолжение.

Реклама