Еве го! Новиот Mercedes‑AMG GT 53 4‑Door Coupé

198

На специјален настан, како што прилега на еден значаен модел од палетата, Mercedes-Benz го претстави својот нов луксузен, спортски модел Mercedes‑AMG GT 53 4‑Door Coupé.

Моделот е опремен со два моќни електрични, синхронизирани мотори кои заедно испорачуваат моќност од 400 kW (544 коњски сили) со вртежен момент од 800 Nm.

Вградена е иновативна, двостепена трансмисија која треба да ги подобри ефикасноста и динамичните својства.

Електричниот мотор поставен напред, делува како бустирачки мотор кој се активира и додава енергија кога тоа му е потребно на возилото.

Од 0 до 100 km/h возилото забрзува за 3.5 секунди, а максималната брзина е ограничена на  230 km/h, со можност истата да се зголеми на  250 km/h ако се избере опционалниот AMG Driver’s пакет.

Автономија до 800 км

Високоволтажната батерија има капацитет од 106 kWh, 800 волти и треба да испорача автономија од 800 километри со едно полнење.

Имитирање на звукот на шест цилиндри

Со помош на “AMGFORCE Sport+ driving” програмата и овој модел го имитира звукот кој го создава 3.0-литарскиот, 6 цилиндричен мотор од поранешниот модел Mercedes‑AMG E 53 Coupé, со што се прави напор да се одговори на желбите на возачите, да се заобиколи досадниот звук на електричните мотори и да се предизвикаат AMG емоции.

Спортски ентериер со фокус на возачот

Во ентериерот на Mercedes‑AMG GT 53 4‑Door Coupé, типично за спортските возила е поставено ниско седење.

Инструмент кластерот и инфотејнмент екранот се споени во едно.

Централниот екран со големина од 14 инчи е благо свртен кон возачот, со што се овозможува интуитивна операција. Се разбира, попотреба, може да се порача специјален екран и за совозачот.

На централната конзола која е фокусирана кон возачот се поставени и AMG логото, како и ‘GT’ амблемот. А во неа се интегрирани и наслон за рака, со затворена остава за предмети, две позиции за индуктивно полнење на паметни телефони и осветлени држачи за чаши.

Сончев покрив

За дополнителна возбуда се грижи и едноделниот стаклен покрив SKY CONTROL, кој во темно може да даде осветлени мотиви, грбови и тркачки знаменца.

Реклама