Некако тивко и под радарот, Јапонскиот бренд Nissan, од 2010 година наваму, успеа да ја надмине бројката од над 1,25 милиони електрифицирани возила на нашиот континент, во Европа.
Од оваа бројка, околу 350.000 примероци се возила само на струја.
Денес Nissan има голем број модели на електрична енергија, како што се сосема новата MICRA, новата, трета генерација на LEAF, со која брендот влезе во струјното коло, а тука се и Qashqai, X-Trail и освежената Ariya.
Оваа палета и понатаму ќе се шири, а брендот плаира да лансира нов модел на струја во А-сегментот во 2026 година, како и нова верзија на електричен Juke кој сеочекува следната, 2027 година.













