Додека светот негодува, Кина го обожава

33

Според последните информации, додека Италијанскиот бренд на луксузни спортски автомобили Ferrari, сеуште е предмет на огромни контроверзи во светот откако го презентираше својот прв електричен автомобил Luce, возилото кое многумина буквално го мразат, во Кина е вистински хит.

И покрај тоа што чини околу 586.000 долари, според информациите во оваа земја се веќе продадени 88 примероци од новиот Ferrari Luce.

Според некои информации, причината за тоа треба да се бара што во Кина, станува исклучително тешко да се добијат регистерски таблички во поголемите градови, ако возилото е со мотор со внатрешно согорување, како и поради високите давачки, кои за мотори со внатрешно согорување се движат до 40%.

Како и да е, за Ферари, сигурно е фантастично, што во генерално неповолните реакции во светот, вториот најголем пазар за брендот, го прифати електричниот Luce со огромни симпатии.

Реклама