Нов лидер на пазарот во Европа

164

Според податоците од JATO Dynamics, на европскиот пазар регистрираме нов лидер во продажбата во месец Април.

Се работи за малиот градски автомобил од Франција – Renault Clio, кој во Април оствари продажба од 18.997 единици, 400 возила повеќе од групацискиот брат од Романија – Dacia Sandero (со 18.590 продадени автомобили, но и прилично неповолен тренд – пад од 28% во споредба со Април, минатата година).

На третото место е Peugeot 208 со 16.529 возила.

Трендот на авто пазарот во Европа

Во поглед на вкупната бројка, пазарот на нови автомобили во Европа останува стабилен, со бројка од 1.078.521 автомобили (што претставува безмалку иста бројка како април, од минатата 2024 година.

Најголем порест бележиме кај електричните возила (+28%) и Кинеските брендови (121%)!

А според брендовите (или групации на производители на возила), бројките изгледаат вака :

Доминира Volkswagen Group со 294.594 продадени автомобили, втора е групацијата Stellantis со речиси двојно помала бројка – 166.393 автомобили, по што следуваат Renault Group, Hyndai-KIA, BMW Group, Toyota…

Реклама