Чешката екипа, на патување во Албанија!

117

Луѓето од Чешкиот производител на автомобили Шкода, кој oд 1994 година, дише и работи под капата на Volkswagen Group, формираа една симпатична млада екипа на авантуристи и направија интересен видео запис, со своите два исклучително популарни автомобили, Skoda Octavia и Skoda Karoq  со погон на сите тркала.

За своето патешествие, овојпат беше избрана Албанија, со своите тесни ридско планински патеки, мирни езера и прекрасно сино море.

Релјеф, природа и средина во кои идеално може да се истакнат сите компаративни предности на автомобилите на Skoda, кои имаат одлични својства на асфалтот и во урбаните средини, исто како што доминираат и на off road патеките покриени со земја и камења.

Како што истакнуваат од Skoda, за оваа авантура е избрана Албанија, како земја во која брендот постои и се продава од далечната 1950 година, и сеуште е исклучително популарен со пазарен уддел од одлични 12%.

А избрани се токму Octavia и Karoq, како возила кои имаат одлична популарност и кои само минатата година, заедно се продадоа во бројка од 325.000 единици, што претставува 35% од вкупната прдажба на Skoda во глобални рамки.

Впрочем, модерната Октавиа која беше лансирана во 1996 година, досега е продадена во одлични 7,5 милиони примероци, што ја прави вистински бестселер и легенда во рамки на брендот. Со своите продажни бројки таа е во  листата на топ 10 најрподавани автомобили во Европа, и лидер во класата на компактни автомобили

Сериозни бројки од продажбата отпаѓаат на Октавиа Комби, или карванската изведба, во која моделот доминира во Европа. И токму поради, тоа, оваа есен луѓето од Скода планираат да објават нов концепт, кој треба да ја нацрта иднината на караванските автомобили произведени во Чешка.

И Карок, според своите продажни резултати е веднаш зад Октавиа. Од официјалното лансирање во 2017 година до денес тој се има продадено во импресивни 800.000 прмероци.

Octavia е опремена со бензинскиот мотор 2.0 TSI  со моќност од 150 kW или 204 кс и погон на сите тркала

Октавиата со погон на сите тркала има максимална брзина од 228 km/h, а од 0 до 100 km/h забрзува за 6.6 секунди.  Максималниот вртежен момент е 320 Nm, благодарение на кој, силата се дистрибура секаде и секогаш кога е тоа потребно на предната или задната оска, како и на секое тркало кое има потреба од поголема моќ.

Кај  SUV моделот Karoq можете да изберете помеѓу 2.0 лтарскиот бензински TSI мотор (140 kW/190 кс) или 2.0 литарскиот TDI дизел мотор со моќност од 110 kW односно 150 кс).

Бензинскиот Karoq од 0 до 100 km/h спрнтира за 7.0 секунди и достигнува максимална брзина од 221 km/h.

Двата модели, во својата 4×4 варијанта се особено практични за сите клиенти со авантуристички стил на животот.

Имаат електрично склоплива кука, со која може да се транспортираат приколка или треилер, држачи за велосипеди и друга опрема.

Во оригиналната дополнителна опрема може да се порачаат и душек на надувување, кој може да послужи како постела кога ќе се спуштат задните седишта, вреќа за спиење, мобилна скара, ладилник или термофор за одржување на темературата на пијалоците, а секако, за камперите, на располагање може да се стави и специјален шатор кој е мобилен и се поставува на кровот од возилото.

Двата модели имаат сериозен бзбедносепакет на опрема, како што се Преден асистент со заштита на пешаци, Асистент за Заштита на екипажот, Асистент за патување, страничен асистент.

На своето патување низ Албанија, авантуристите застанаа на Скадарското езеро, каде посетија неколку знаменитости и замоци, а подоцна можеа да уживаат во водите со своите суп даски. На крајот, што поубаво од вечера и дружба покрај езерските води.?

Следниот ден, караванот уживаше во восхитувачкиот планински предел на Албанските Алпи, со врвови до 2.000 метри надморска височина.

На третиот ден, можеше да се тестираат и офф роад перформансите на Карок, движејки се по земјената патека до мостот Ура е Месит, изграден во 1770 година, по што екипата се упати кон аеродромот во Тирана.

Фото галеријата е сведок дека ова забавно патување на екипата на Skoda во Албанија, помина во најдобар можен ред :

Реклама