За Кинескиот производител на автомобили, BYD, неколку топ вести во 2025 година, го привлекоа вниманието на автомобилската јавност во Европа.
Прво, во месец април оваа година, BYD со 7.231 продадени единици, за прв пат во историјата, на европскиот континент продаде повеќе електрични автомобили од Американската Тесла.
Второ, во само една зделка, овој јуни, на финската кар шеринг компанија FINN, BYD и продаде 5.000 автмобили.
Трето, BYD својата централа од Холандија, ја пресели кај “лошото момче” од европската Унија,Виктор Орбан, во престолнината на Унгарија, во Будимпешта, каде се привршува и првата фабрика во градот Сегед каде треба да се произведуваат елктричните автомобили на Кинеската марка. По Сегед, следната точка на која BYD ќе сетапира фабрика е Турција.

Четврто, BYD ги урна сите рекорди во продажбата во Велика Британија и со 20.000 продадени автомобили заклучно со јуни 2025 година, ја дуплираше својата продажба, споредено со целосната, претходната 2024 година.
Петто, BYD International, овој јули стана официјален спонзор на фудбалскиот клуб Интер од Милано.

И шесто, само две години по официјалното лансирање, BYD успеа да продаде 1.000.000 примероци од најмалиот автомобил во палетата – Dolphin Surf.

Овој пост го посветуваме токму на него. На најмалиот електричен автомобил во палетата на BYD.
Модел што во Кина го носи името SEAGULL, во Латинска Америка DOLPHIN MINI, а кај нас, во Европа, беше неодамна промовиран под името DOLPHIN SURF.
Електричниот автомобил BYD Dolphin Surf e долг 3,990mm, широк 1,720mm и висок 1,590mm.
Димензии кои му даваат совршени можности да се маневрира лесно и флексибилно во градскиот метеж, тесните улички и малите места за паркирање.
Основниот модел во европа, го носи името Active, со спарени батерија од 30kWh и мотор од 65kW, додека варијантата Boost има иста моќност но поголема батерија од 43.2kWh која и дава автономија од 322km со полна батерија. Највисокото ниво на опременост наречено Комфорт, ја има поголемата батерија и ја спарува со најјакиот мотор во класата (115kW/220Nm), кој од 0-100km/h забрзува за само 9.1 секунди.
Во стандардната опрема кај секој DOLPHIN SURF ќе најдете 10.1-инчен, ротирачки инфотејнмент систем, задни паркинг сензори и задна паркинг камера, дневни LED светла, влез во автомбилот без клуч, адаптивен темпомат или круз контрол, клима, и реторвизори со електрично подесување.
Моделот Boost има и поголеми 16 инчни алуминиумски тркала, електрично подесување на предните седишта, бришачи на стакло на сензори, и реторивозори со електрично склопување. Екплзивниот раст на брендот и особено на продажбата на малиот DOLPHIN SURF, сигурно ќе им ги измеша сметките на многу други европски исветски конкуренти во оваа класа.














