Експертите од Британскиот магазин WhatCar?, по долги анализи и тестирања, направија oсврт на најпопуларната класа на SUV возила, и креираа топ листа на Најдобри 10 SUV автомобили.
Притоа, врз основа на повеќе параметри, оценка на перформансите, флексибилноста и цената, експертите ги избраа, според нивните критериуми, најдобрите возила од класите на мали, големи и компактни SUV-a, фамилијарни и луксузни, возила со 5 и седум седишта, со различни мотори (бензински, дизел, благи хибридни, електрични)…
На топ листата на WhatCar?, на самиот врв, за некого и изненадувачки се најде :
1. KIA Sportage
Со максимална оценка од 5 ѕвездички, апсолутен победник во класата на SUV модели е Корејскиот KIA Sportage. Toj e избран како најкомплетен во овој сегмент.

Тој е одличен семеен автомобил, со огромен простор и комфор, што без проблем ќе пренесе пет патници, со капацитет за товарање од 591 литри.
Притоа жирито го избра основниот модел со 1,6 литарски бензински мотор.
2. Volkswagen T-Roc
Aко сакате мaл SUV, oва е најдоброто решение за вас. Со одличен квалитет на изработка и пријатен ентериер.

Жирито го избра основниот 1,0 литарски, бензински T-Roc, кој е и најдоброто решение, бидејќи секој поопремен модел станува прескап за она што го нуди.
3. Range Rover Sport
SUV кој одлично ги комбинира луксузот и перформансите на патот. Но понекогаш може и да ве изненади што се може да направи и надвор од патот.

И покрај големиот избор на мотори, жирито го избра моделот на Range Rover Sport со 3,0 литарски дизел мотор, додека за компаниски цели се препорачува плаг-ин хибридниот модел – P460e.
4. Ford Puma
Подолго време, овој SUV модел на FORD е и еден од најпродаваните SUV модели во Велика Британија, иако во последниот месец, првото место му го превземе кинескиот Jaecoo.

Според жирито, ова е најзабавниот за возење SUV на пазарот, а омилен мотор им е 1,0 литарскиот, кој покрај тоа што е агилен има и сериозна влечна моќ.
Овој автомобил доаѓа и со блага хибридна технологија, што значи дека малиот електричен мотор му помага на возилото да ги подобри моќта, перформансите и економичноста.
5. Hyundai Santa Fe
На врвот во SUV класата ни доаѓа уште еден модел од Кореја, но овој автомобил нуди место за 7 патници.
Како најдобар е посочен хибридниот 1.6 T-GDi, кој можеби нема да извлече најголема моќ и перформанси но ќе обезбеди добра економичност, што е сериозен фактор кај семејните автомобили од овој тип.

Исто така, особено се потенцира и сериозната опременост во пониските нивоа на моделот.
6. Smart #1
Комплетно електричен #1 е одличен SUV автомобил со одлични перформанси, домет и ефикасност. Материјалите во ентериерот е со врвен квалитет, а екранот чувствителен на допир одлично реактивен.

7. Genesis GV6
GV60 е базиран на Hyundai Iqoniq 5 и KIA EV6, според жирито, едни од најдобрите електрични автомобили во моментов.

Се истакнува брзината на полнење од 10 до 80% за околу 18 минути.
Ентериерот е полн со квалитетни, меки материјали и кожни прекривки.
8. BMW X7
Поим за големина и луксуз.

Располага со три клупи за патници, удобно сместува 7 патници, а ако изберете верзија со 5 седишта, замислете колку голем простор ќе добиете во багажникот.
Избор на жирито – моделот со 3.0-литарски дизел мотор (xDrive40d)
9. Mercedes GLC
Уште еден Германски тешкаш. Со најголем домет меѓу плаг-ин хибридните SUV-a (80 километри), што го прави одличен како компаниски автомобил.

Препорачан модел – GLC 300e.
10. BMW iX3
Последен, во топ 10 листата на Британците од WhatCar е електричниот модел од Штутгарт – BMW iX3.
Во суштина, носи многу елементи од стандардниот модел X3, па и возните својства му се одлични и предвидливи.

Доаѓа со многу опрема, панорамски кров, греени предни седишта…
Како ви се чини оваа Топ Листа?







