Германската Групација Volkswagen, донесе одлука да го лансира електричното SUV “бебенце”, Cupra Raval, пред долго очекуваните eлектрични ID.Polo и Skoda Epiq.
Новиот Raval, кој доаѓа од спортскиот бренд на Volkswagen, Cupra, е за нијанса помал од 4 метри, но од неговото меѓуосовинско растојаниа, 2.600 mm и сериозниот волумен на багажниот простор од 441 литри, навистина се очекува многу.

Во основниот модел, спортскиот Raval е опреме со мотор со моќност 114 коњски сили (85 kW) и батерија од 37 kWh, доволно да обезбеди 300 километри автономија.
Овој мотор е ограничен само на 50 kW DC полнење.

Следното ниво Raval Plus е опремено со мотор кој испорачува 133 кс (99 kW) , со истата батерија но со можност за помоќни полначи од 88 kW DC, со кои од 10 до 80 проценти дополнување на батеријата се прави за до 23 минути.
Следуваат и варијанти со помоќните батерии 52 kWh со моќност од 208 кс (155 kW) со домет до 450 километри.
За оние кои сакаат уште повеќе сила, тука е моделот VZ, со 222 коњски сили (166 kW) кој до 100 km/h забрзува за 6.8 секунди. Спортските перформанси, логично го земаат данокот во дометот, кој кај овој модел изнесува до 400 km.





Спортски ентериер
Во ентериерот, возачите ќе уживаат во големиот 10,25 инчен дигитален инструмент кластер, како и во 12,9 инчниот инфотејнмент систем.

Raval ќе пристигне ова лето, а ќе има стартна цена од околу €26,000, и ќе му биде директна конкуренција на Францускиот Renault 5.
Повеќе содржини на нашиот сајт :











