Италијанскиот производител на моторцикли Ducati е дел од Групацијата Volkswagen, и конкретно функционира под капата на Audi.
Според последните неофицијални информации, во Италија е формирана специјална инвестициска група во 2025 година, под името Patritalia, која веќе поднела понуда за купување на сите акции на Ducati од Audi, со што дефакто, Италијанскиот бренд, повторно би станал целосо Италијански.
Изворите велат дека на Ауди му се понудени 2,5 милијарди евра за комплетирање на оваа сопственичка трансакција.

Додека Volkswagen не коментира во врска со ова, тие не ја отфрлаат категорично можноста да се продаде брендот, како дел од нивната реорганизација и потрага по профитабилност.
Од друга страна Патриталиа, официјално изјави во своите извештаи дека понудата е реална и поднесена до Audi AG, и дека тие и понатаму се заинтересирани за превземање на Ducati, како дел од една поголема иницијатива Италијанските брендови, меѓу кои секако значаен е Ducati, да се вратат назад во матичната држава.
Се разбира, продолжуваме да ја следиме оваа трага…













