Audi го претстави својот нов концепт – Q6 e-tron offroad, со два електрични мотори и вкупна моќност од 380 kw.
Благодарение на новите портални оски, сега концептот може да се искачува и на екстремно стрмни угорнини.

Новиот дизајн на Audi ја намали максималната брзина до 175 km/h што е соодветно на возило створено за офроад возење, но овозможува возилото да се искачува на угорнини до 45 степени.

Audi Q6 e-tron служи како основа за концептниот автомобил и е првиот продукциски модел изграден на Premium Platform Electric (PPE).








