Pirelli создава нова кибернетска гума

92

Италијанскиот производител на пневматици (гуми) Pirelli, откупи 30% од сопственоста во Шведската компанија Univrses, со која развива проект за целосно кибернетска гума, базирана на вештачката интелигенција.

Шведската компанија е ангажирана главно во софтверското решение, додека хардверот останува во рацете на Италијанските инжинери.

Притоа, новите гуми на Пирели ќе бидат составени од голем број сензори кои ќе бидат вметнати во гумата, но ќе има и посебни камери со кои ќе се скенира патот и подлогата по која пневматиците се тркалаат.

Покрај другото, овие нови кибернетски гуми, се очекува да бидат многу значајни во технологијата на автономни возила и роботакси и ќе овозможат мапирање на возилото, односно да се утврди точно каде возилото се наоѓа на мапата и како треба да реагира на своето опкружување.

Податоците прибрани од сензорите во новите гуми ќе бидат во директна врска со останатите клучни системи како што се ABS системот за сопирање, ЕSP (системот за стабилизација на возилото), ТCS (системот за контрола на тракцијата).

Во врска со овој проект генералниот директор на Пирели, Андреа Касалучи изјави: “Договорот со Univrses ја развива на повисоко ниво нашата Сајбер Платформа за Гуми, благодарение на технологиите на вештачка визија и интелигенција. Соработката помеѓу Pirelli и Univrses сериозно ќе придонесе во трансформацијата на возилата дефинирани од софтверот.”

Реклама