Блескава промоција на Mercedes-Benz

85

Mercedes-Benz отсекогаш ги сакал Саемските манифестации, па сосема логично, на домашен терен, на Саемот за автомобили во Минхен IAA Mobility 2025, се претстави во блескаво светло.

Еден ден, или поточно, една вечер, пред официјалното отварање со новинарскиот ден на Саемот во Минхен, на 07-ми Септември, 2025 година, Меrcedes-Benz подигна цел павилјон, поточно, го изгради Mercedes-Benz Pavilion, на атрактивната локација во Минхен – Apothekenhof.

На оваа претпремиера на Саемот, на која за прв пат беше претставен новиот електричен GLC, Ола Каелиниус, генералниот директор на Mercedes Benz, изјави :

“Со новиот електричен GLC, започнува моментумот на најголемата програма за лансирање на нови модели во историјата на нашата компанија. Овде не промовираме нов модел – овде го електрифицираме нашиот топ селер. Најпродаван модел. Кај него ќе видите нов, храбар дизајн, врвна технологија, нашиот MB.OS оперативен систем и перформанси кои блескаат со возбуда. Новиот GLC е комфор, динамика, ефикасност и интелигенција, се заедно во совршена хармонија.”

Новиот, електричен Mercedes‑Benz GLC 400 4MATIC со EQ Технологија, ќе има домет од 713 километри.

Добредојдовте дома. Ова беше пораката на влезот на павилјонот на Mercedes-Benz, а кое е значењето, дознаваме од Матиас Геизен, член на Оборот на директори, кој изјави :

“Добредојдовте дома. Ова е нашето ветување до клиентите. Без оглед на тоа каде стапувате во контакт со нашиот бренд – во некое од нашите дилерства, на нашиот веб сајт или зад воланот. Дали влегуваат во CLA, GLC или S‑Class. Без оглед на тоа каков погон ќе изберат. Секој детал веднаш вели : Ова е Mercedes‑Benz. Ќе се чувствувате безбедни, сигурни и полни со самодоверба. Ова чувство не е никаква коинциденција. Ова е резултат на речиси 140 години техничко совршенство, страст за секој детал, изработка и емоција. Едноставно кажано : без оглед на тоа колку далеку патувате – секогаш ќе се чувствувате како дома во вашата ѕвезда.”

За промоциите на Mercedes-Benz ќе зборуваме, пишуваме и работиме во нашата емисија Темпо Магазин, дополнително… Сега, уживајте во фотогалеријата од спектакуларниот, блескав евент на брендот во Минхен.

Реклама