Нов креативен концепт во AUDI

137

Eдна година откако дојде во AUDI, под силно влијание на Масимо Фрашела, Главниот Креативен Директор на компанијата, Германскиот бренд со четири прстени на предната маска, воведува сосема нова креативна филозофија.

Новиот Concept C, кој беше претставен во Милано, а ќе се појави и на Саемот за автомобили во Минхен овој Септември, според Фрашела, е повик, или подобро кажано крик, за активирање на целата енергија во компанијата, со која брендот од Инголштад повторно ќе стане препознатлив, посебен, уникатен.

Медиумите веќе побрзаа да објават дека вака отприлика, треба да изгледа новиот наследник на легендарниот модел AUDI TT.

Според Фрашела, кој инаку е огромен вљубеник во популарниот “TT”-ец, новиот концепт на AUDI ја наследува филозофијата токму на ТТ. Тој треба да понуди јасност, едноставност, да ја пренесе пораката дека не мора да викнеш за да те чујат. Ви треба само јасност. Чистина. И храброст да одиш до крај.

Впрочем, не беше случајно што концептот во Милано се појави под банерот на кој пишуваше – Страст за јасност. Страст за чистина.

Тој уште додаде дека Audi Concept C, претставува порака. Компанијата оди – Радикално Следно. Концепт кој нуди јасна, скулптурална форма, со силно чувство на цврстина.

“Сакаме да му дадеме форма на брендот, кој ќе биде способен да инспирира страст и да креира културален импакт.” – изјави Фрашела.

Ќе дизајнираме нови модели и нови автомобили, и директно ќе влијаеме на индустријата. Ќе поставуваме нови стандарди, кои конкурентите ќе бидат приморани да ги следат. Изјави и Жерно Долнер, CEO, или генералниот директор на AUDI на специјалниот насатан во Милано.

Реклама