Lamborghini пристигна и во Грузија

147

Италијанскиот производител на супер автомобили, Lamborghini, постигнува одлични резултати во последните години.

Расте продажбата на возила, расте прометот и вкупната профитабилност.

А Lamborghini, реши дополнително да ја прошири својата дилерска мрежа во светот.

Ред дојде и на Грузија, каде на 300 м2, со комплетно задоволени стандарди на брендот, отворен е новиот салон на супербрендот во градот Тбилиси.

Во чест на овој значаен настан, во Грузија пристигна и Штефан Винкелман, извршниот директор на Lamborghini, a на убава манифестација за околу 500 луѓе, беа претставени новиот бизнис, салон и моделите на Lamborghini.

Погледнете ја фотогалеријата од настанот.

Реклама