Huawei најавува батерија што се полни за 5 минути и дава домет од 3.000 км!

444

Кинескиот производител на мобилни телефони, а од неодамна и на луксузни автомобили на струја – HUAWEI најавува револуција во автомобилската индустрија, особено во сегментот на електричните возила.

Според последните информации, брендот поднел патент за посебни батерии во тврда состојба, со тврдење дека новата хемија ќе овозможи полнење на батеријата за само 5 минути, а просечна лимузина на струја да може да помине околу 3.000 км, со полна батерија.

Според поднесокот на патентот, ќелиите користат сулфидни електроди со додаток – азот. што би требало да ги намали нуспојавите кои го скратуваат животниот век на батеријата.

Имајќи ја предвид сериозноста на Кинескиот бренд, и неговото континуирано инвестирање во истражување и развој, повеќе никој не гледа со скепса на новините кои пристигнуваат од Кина и од Huawei, секако.

Реклама