Мorgan Supersport 400! Kaко од времето на Пики Блајндерс

59

Со препознатлив ретро дизајн, Британскиот производител на автомобили од една сосема поинаква ниша (niche), Morgan, го претстави својот најнов модел – Supersport 400!

И овој автомобил на секое гледање, упорно не потсетува на мафијашките автомобили од времето на Ал Капоне и прохибицијата, или на оние кои вртеле по британските улици неколку децении по ерата на Пики Блајндерс.

И тоа, се чини, воопшто не е случајно.

Луѓето од Morgan се обидуваат да го направат токму тоа, да го спојат ретро дизајн со модерното. А тоа одлично им оди со последните модели, па и со најновиот Supersport 400 кој е дефинитивно најмоќниот и најспортскиот автомобил во нивната гама.

Во срцето на овој Morgan, лежи 3.0 литарскиот B58 мотор кој може да се најде и во Toyota GR Supra, и кој испорачува 406 коњски сили, а забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,6 секунди.

Погонот е на задните тркала, спарен со осум степен ZF автоматски менувач.

Во ентериерот, Supersport останува генерално аналоген, но засилен со модерни мотиви и технологија.

Цената на новиот Morgan почнува од околу 176.000 евра пред оданочување.

Реклама