Koи нови возила се расипуваат најмногу?

228

Ова е времето во кое секоја година J.D.Power го објавува својот извештај за доверливоста на новокупените автомобили, во првите три месеци од нивното користење во САД (U.S. Initial Quality Study).

Она што во овогодишниот извештај (39 испитување по ред) ќе разочара многу фанови на брендот од Инголштад, Германија, е тоа дека токму за брендот со четири прстени се пријавени најмногу дефекти на 100 возила.

Според резултатите на анкетата која опфатила 92.964 купувачи, на секои 100 возила од брендот Audi во првите три месец од експлоатацијата биле пријавени неверојатни 269 дефекти, што е сериозно отстапување од просечната вредност на истражувањето – 192!

Според анализата, најмалку дефекти во првите 90 дена од експлатацијата, на 100 возила пријавил Lexus – 166, пред Nissan со 169 дефекти.

Интересно е тоа дека речиси сите премиум марки се борат со сериозни проблеми в првите три месеци, за изненадување веројатно е дека Toyota која обично се потенцира како бренд со најмалку дефекти е во вториот (полош) дел од табелата каде што се наоѓа и Mazda и Mitsubishi…

Реклама