Во секојдневната пракса, за жал, возачите најчесто ги менуваат сијаличките на предните светла, само откако целосно ќе прегорат.
Тоа значи дека овие возила, задолжително ќе поминат одреден период на патиштата, со прегорени сијалички, кои сериозно ја намалуваат видливоста и безбедноста при возењето.
Затоа сијаличките, без разлика дали се работи за халогени или ксенонски светла, треба редовно да се проверуваат во сервис, и да се менуваат на периоди од околу 2 години (дури и ако не се прегорени).
Ако ова не го направите, ризикувате во возење да ви прегори една или двете сијалички, а со тоа нема да имате видливост на патот, а нема да ве забележат соодветно и возачите кои доаѓаат од спротивната насока.
Дополнително, треба да се знае дека со текот на времето, се намалува моќта на осветлување на сијаличките, тие ја губат својата моќ, со што опаѓа видливоста, па затоа, промената треба да биде почеста и согласно препораките на производителот на сијаличките.
Исто така, промената треба задолжително да се прави во пар (на двете сијалички) со што ќе се добијат рамномерно распределени снопови светлина (битни за возачот, но и за возачите кои доаѓаат од спротивна насока).














