Нов закон во Шпанија. Нема веќе заштитен триаголник

136

Според последните информации, од 01 Јануари, следната година, во Шпанија стапува на сила закон со кој се забранува употребата на заштитниот триаголник, како начин на одбележување и предупредување во случај на сообраќајна незгода или возило во дефект.

Наместо него, секој возач мора да носи V-16 предупредувачко светло, кое треба да се прикачи на кровот и активира во случај на сообраќајна незгода или дефект на патот.

Предностите на ова светло се состои во тоа што, истото може да се закачи на кровот одвнатре, без возачот да излезе надвор од возилото, дури и без да мора да го откачи безбедносниот појас.

Лесно се активира, мал е во димензии што го прави добар за употреба кај патнички возила, комерцијални возила но и на моторцикли.

Активираното светло, исто така, покрај визуелната сигнализација, веднаш праќа известување и до центарот за контрола на сообраќајот, со што се дознава точната локација на возилото кое е во дефект или незгода, и за тоа ги информира и останатите учесници во сообраќајот.

Реклама