Opel Frontera со силен авантуристички дух

201

Со концептниот модел Opel Frontera GRAVEL, компанијата од Раселсхајм, им покажува на своите клиенти дека може да биде исклучително авантуристички, семеен SUV.

Тој е поробусен, потврд, направен да испорача надвор од асфалтот, дизајниран од Opel во соработка со тјунинг партнерите – BlackFish и XS.

“Овој концепт е направен за да ја загрее фанбазата и да ја испита потребата и побарувачката за похрабра, поробусна Frontera. Работите се сведуваат на слобода, авантура, возбуда и туркање на границите понатаму” – изјави Ребека Рајнемар, потпретседател на одделот за маркетинг на Opel.

Frontera GRAVEL e легната на алуминиумски тркала 7×16 инчи CWE од марката BORBET. Се базира на моделот кој е целосно електричен, што би требало да го прави моделот идеален за возење во зелените појаси на природата.

За дополнително авантуристички изглед, дополнително придонесуваат и витлото и куката монтирани напред, кутиите за товар поставени странично и одзади, и големиот робусен кровен носач на кој можре да се транспортираат најразлични видови на робусна опрема.

Реклама