Во овогодишниот избор за Најдобар бренд во Германија, кој секоја година го спроведува AUTO BILD Germany, Италијанскиот бренд Alfa Romeo се закити со три значајни признанија.
Аlfa Romeo ја доби наградата “дизајн бр.1” во сегментите од средна класа и SUV со средна големина, но и значајната награда за Дизајн бр.1 во вкупното бодување.
Во гласањето учествувале 40.000 читатели на германското списание, кои на Alfa и донесоа уште еднаш значаен хет трик.
Во средната класа, читателите ја избрале Giulia sports sedan, а во сегментот на SUV со средна големина наградата ја понесе Stelvio.
Брендот во Германија ги нуди уште и Alfa Romeo Junior и Alfa Romeo Tonale, кои се SUV модели, кои може да се купат и со електричен погон.














