Новата Mazda одлично прифатена во Кина

133

Јапонскиот бренд Mazda, на Саемот во Шангај го претстави својот нов SUV модел – EZ-60, кој беше одлично прифатен од публиката за што сведочат и повеќе од 10.000 веќе направени порачки за овој модел.

Како и повеќето други производители на автомобили, и овој модел Јапонската Mazda го направи во соработка со Кинескиот производител Changan.

Информациите велат дека овој автомобил ќе биде продаван и надвор од Кина, каде ќе го носи името CX-6e.

Реклама