Kинески Chery исфрли нов пикап

284

Кинеската компанија Chery на Саемот за автомобили во Шангај, и го претстави на јавноста новиот пикап камионет кој ќе вози под името на брендот Himla и треба да му конкурира на Toyota Hilux, VW Amarok, Ford Ranger и Isuzu D-Max.

Информациите велат дека овој пикап ќе се извезува во Европа, Средниот Исток и Латинска Америка.

Моделот што може да се види на сликите направени во Шангај, е качен на робусни алуминиумски тркала со гуми за секаков терен, а се чини дека има и пристојен граунд клиринс (подигнување од тлото).

Внатре, пак, е опремен со кожни седишта, сериозна опрема, и тач скрин дисплеј кој наликува на оние кои може да се видат во Tesla.

Реклама