Oвој мотор го сруши Гинисовиот рекорд!

215

Се работи за овој електричен моторцикл Verge TS Pro, кој успеал да вози 310,6 километри, во период од 16 часа и притоа да ја заврши својата траса возејќи низ улиците на Лондон со 7% полна батерија.

Со тоа, моторциклот го сруши Гинисовиот рекорд за автономија на електричен моторцикл.

Она што му помогнало на Verge TS Pro во рушење на светскиот рекорд e ниската просечна брзина при возењето, која изнесувала само 19 km/h.

Ниските брзини, секако придонесуваат за помало трошење на енергија од батерискиот комплет.

Инаку овој моторцикл, тежи околу 245 килограми, има импресивна моќност од 137 коњски сили при вртежен момент од 1.000 Nm и развива брзина од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди.

Фото – Verge Motorcycles
Реклама