Внимание! Гума на патот!

209

Колку може да биде опасна летечка гума на патот, утврдила една жена во Конектикат и вработените во Противпожарната служба во Милфорд.

Додека се возела на автопатот со нормална брзина, на жената налетала гума, која веројатно не била добро зацврстена на друго возило.

Како што може да се види и од фотографиите на Противпожарната служба, штетата на возилото била огромна и веројатно од осигурителните компании ќе биде прогласена како “тоталка” . Скршено стакло, смачкан покрив и жена со тешки телесни повреди.

Aко се повикаме на физиката, едно алуминиумско тркало може да тежи околу 12 килограми, ако на тоа додадете уште толкава тежина за гумата, добивате проектил од 24 килограми кој при голема брзина има сила, приближно колку што би имало и судир со друго возило.

Реклама