Колку често треба да го проверувате нивото на моторно масло

327

Иако новите возила се најчесто опремени со електронски сензори, кои веднаш предупредуваат ако нивото на моторното масло паѓа на минимум, наша препорака е проверката да ја правите на секои две недели, изминати 300 километри или пред секое подолго патување.

Ако ги праште вашите татковци и дедовци, веројатно ќе ви кажат, дека нивото на маслото го проверувале секоја недела, но сега, со новите технологии и сензори, тоа едноставно не е неопходно.

Но, имајќи предвид дека целата постапка е многу лесна и брза, нема причина зошто да не ја вршите проверката (и ако е потребно дополнување на маслото) во почести интервали.

Секогаш кога ќе ве мрзи да ја отворите хаубата, и направите брзата проверка, помислете само колку голема може да биде штетата ако моторот остане без доволно моторно масло.

Моторното масло ги подмачкува, лади, штити од корозија и чисти моторот од гареж, нечистотии и честички кои може да предизвикаат сериозни оштетувања.

Реклама