Колку влијае клима уредот на потрошувачката на гориво

152

Според последните истражувања на ADAC вклучениот клима уред во возилата, во последно време, се помалку влијае на потрошувачката на гориво.

Треба да се истакне дека процентот на зголемена потрошувачка зависи и од тоа каде и како возите.

На пример, на отворено кога возите со просечна брзина од 100 км/h, вклучената клима ќе ве чини околу 6% повеќе гориво, во град околу 20%, а климата во лер (додека стоите во место) може да троши и до 70% повеќе гориво.

Во тестот на ADAC е утврдено дека просечно околу 15% повеќе гориво се троши во автомобилите кои имаат вклучено клима уред.

Реклама