Овие два Кинески автомобили, се продадоа во 3 милиони примероци

157

Geely Auto Group објави дека неговите два автомобили Starray и Coolray, постигнаа одлични продажни резултати и оваа година се продадоа во повеќе од 3 милиони единици.

Конкретно, Starray веќе се продаде во 2 милиони примероци, додека Coolray кој почна да се продава во 2018 година се продаде во 1 милион примероци.

Фото – Geely Coolray

Субкомпактниот SUV – Coolray се продава на 50-на пазари во светот, a го движи бензински турбо мотор со зафатнива од 1,5 литри и моќност од 172 коњски сили (290 Nm), кој е спарен со 7 степен DCT менувач со двојна спојка.

Starray, како C-SUV автомобил, го движи истиот мотор како и Coolray, но тој е за нијанса поголем од својот помал брат и располага со сериозна опрема.

Фото – Geely Starray

Реклама