Специјална Fiat Grande Pandа во соработка со Kartell

238

На Саемот за мебел во Милано, беше претставена специјалната верзија на Fiat Grande Pandа, дизајнирана и изработена во соработка со фирмата Kartell, позната по високо квалитетни дизајнерски парчиња мебел во Италија.

Според претсгавниците од двете компании, во овој проект се соединуваат врвниот и препознатлив Италијански дизајн од производството на автомобили и на ентериерен мебел.

За каросеријата двете компании избраа блескава црвена боја, која симболизира енергија и страст, а е препознатлива и корпоративна боја на брендот Kartell.

Логото на брендот Картел е поставено на неколку места на проектниот модел Grande Panda Kartell, на тркалата, задниот дел на возилото и Ц столбот, а во ентериерот логото е втиснато и на седиштата на возилото.

Дополнително, во ентериерот на оваа Grande Panda се користи поликарбонат, добиен од обновливи извори кој е транспарентен, издржлив и лесен по тежина.

Последни постови :

Реклама