Со новиот електричен спортски модел Renault 5 Turbo 3E, Францускиот производител ја враќа легендата од осумдесетите години од минатиот век – Renault 5 Turbo и Turbo 2, првите француски автомобили со вградени бензински мотори со турбо полнење.

Новиот Renault 5 Turbo 3E, ќе биде електричен автомобил со импресивни технолошки перформанси (540 коњски сили, забрзување од 0-100 km/h за помалку од 3.5 секунди, карбонска суперструктура…).
Во соработка со Alpine, креиран е нов, спортски аеродинамичен суперавтомобил со димензии (4.08m должина, 2.03m ширина, 1.38m висина).

Ќе биде исклучиво со две врати и со две седишта, со тркала од 20 инчи кои се поврзани со електромотори, а батеријата е постаена под подот.

“Со Renault 5 Turbo 3E креираме нова категорија на мини-суперавтомобили, со што брендот Renault повторно ја демонстрира страста и духот на храброст и иновација кои секогаш ја носеше. Овој нов, супер интересен автомобил нуди најдобри перформанси и сензации во димензии oд 4 метри која не е видена на пазарот. Со овој автомобил Renault продолжува да ги прави електричните автомобили уште попосакувани, проширувајќи ја понатаму нивната можност да одговорите на секоја потреба и желба.” Фабрис Камболив, Генерален директор на Renault.
Renault 5 Turbo 3E е изведена околу ЕV платформа, дизајнирана за да обезбеди максимални перформанси, без притоа да се направи компромис со други елементи.

Renault 5 Turbo 3E е фантастична можност за Alpine да ја демонстрира својата експертиза во инжинеринг, архитектура и развој на електрични спортски автомобили сите дизајнирани да се подобрат искуствата во возењето. – изјави Филип Криф, генералниот директор на Alpine.
Ентериерот е спортски, со специјални спортски седишта, елементи направени од карбон (јаглерод) за да се намали во тежината и премиум материјал Alcantara на седиштата и централната конзола.
Пред возачот се сместени два дисплеи со големина од 10.1-инчи и 10.25-инчи, во кои ќе може да се следат сите информации, навигација и инфотејнмент системот.















